Србинка со фалсификувана диплома од Медицински факултет имала ординација
48-годишна Србинка, со наводно стекнато звање „Доктор на стоматологија“ и диплома издадена од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Приштина, работела во нејзината стоматолошка ординација „Б.В. Дентал естетик“, а по поднесена кривична пријава, таа сега е задржана во притвор од 48 часа.
Таа е осомничена за надрилекарство во фармација, давање медицински услуги, како и за фалсификување на диплома од Медицинскиот факултет во Приштина, што очигледно и овозможило да работи во ординацијата.
С.С. ја изнесе својата одбрана во присуство на бранител, во која таа негирала дека дипломата е фалсификат, но не негирала дека давала стоматолошка медицинска помош, по што била приведена.
Инаку, последователните проверки открија дека дипломата на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Приштина била фалсификувана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа