Лекарите дефинираа нов орган во човечкото тело
Аортата, главната и најголемата крвна артерија, која носи крв од срцето до остатокот од телото, доби посебна чест во медицинскиот свет – таа е препознаена како посебен човечки орган.
Тоа е голем чекор, изјави Мартин Черни од Универзитетската болница во Фрајбург во Германија. Препознавањето на аортата како орган ја става на исто ниво со другите органи, срцето, белите дробови и мозокот.
Новиот статус на органот важи во земјите на Европската унија и во САД, откако како таков беше дефиниран во упатствата на Европската асоцијација за кардиоторакална хирургија (EACTS) и Американското здружение на торакални хирурзи (STS). .
Оваа одлука ќе направи разлика и за пациентите, бидејќи клиничкиот процес за многу од нив кои се лекуваат од аортна болест веројатно ќе биде различен и пооптимален од сега па натаму.
Досега беше вообичаено болестите на аортата да се третираат или во кардиохирургија или во васкуларна хирургија, во зависност од видот и локацијата.
Новите упатства јасно препорачуваат третирање на аортата како посебна медицинска област. Треба да се поврзе со други слични области на медицината, објасни Черни, директор на болница за кардиоваскуларна хирургија во Германија.
-Сето тоа ќе го подобри лекувањето на руптури на аортата и други сериозни болести, изјави Черни.
Аортата е одговорна за транспорт на крв богата со кислород од срцето до телото. Овој голем крвен сад е најголемата артерија во телото и се протега од левата комора до садовите во карличната област. Исто така, има значајна улога во регулирањето на крвниот притисок и брзината на протокот на крв.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа