Тошковски во Бомбакис поткаст: Откако станав министер, малку време двојам за децата

 

Техничкиот министер за внатрешни работи беше вечерашен гостин во новата епизода од Бомбакис поткастот. Тошковски си откри детали од неговиот приватен живот, како му почнувал порано денот, а како сега. Очигледно, со поголема функција, следуваат и повеќе жртви. 

„Да бидеш татко на две ќерки е голем благослов. Една од поголемите желби на приватен план ми е да бидам татко на три ќерки. Во Скопје ми се чудат кога на ќерките ќе им се обратам со сине, ама во Велес нема разлика кога со сине се обраќаш на чедо твое. Тие ми се најголем благослов од Господ, нека ми извини жена ми, ама така е. Но, сепак жена ми е клучна кога е во прашање комуникација и однос со нив, особено во овој период од месец дена, тешко можам да се пофалам со времето кое го двојам за нив, но јас би бил најсреќен кога моите деца ќе знаат што е добро а што е лошо“, изјави министерот во вечерашното гостување во Бомбакис поткастот. 

03.03.2024 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа