Потпис за кандидат за Претседател кај нотар ќе ве чиини 150 денари

 

Кандидатите за претседател, Билјана Ванковска, Стевчо Јакимовски и  Вело Марковски, определиле нотари за собирање потписи за кандидатурата. Граѓаните може да си одберат дали ќе посетат некоја од канцелариите на ДИК, или пак ќе го депонираат својот потпис кај нотарите. Потребен е само документ за идентификација, објави Сител.

Од Левица одредиле 197 нотари низ целата држава, но според изјавите на нивниот претседатески кандидат тие не се користеле. Јакимовски одредил 11, а Марковски одредил пет нотари. 

Согласно тарифникот, нотарите од потпис во канцеларија наплаќаат 150 денари. Трошоците за потпис ги сноси или партијата или граѓанинот, во зависност од нивниот договор.

А пак, дел од партиите кои си одлучиле да го изнесат нотарот на терен, ќе си платат од 1.000 денари за нивен седум часовен ангажман.

Подносителите на иницијативите имаат време до 8. март да соберат 10.000 потписи, како предуслов за да учествуваат на изборите

27.02.2024 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега