ВИДЕО: Српската полиција соблекла мигранти и ги „турнала“ во Македонија
Британскиот весник Гардијан објави видео на кое се гледаат неколку машки лица кои само по долна облека се движат по улица.
Според весникот, станува збор за мигранти кои на границата меѓу Србија и Македонија биле соблечени голи од страна на српската полиција и испратени кон Македонија. Видеото било направено од жител на селото Лојане на 10 февруари.
Повикувајќи се на информации од Невладината организација Легис која доаѓа од Македонија, Гардијан пишува дека ова е прв од два вакви инциденти кои се случиле во рок од само 24 часа.
22.02.2024 - 16:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа