Вчера во Венеција, денеска во Виена: Османи ја продолжува „турнејата“ по македонските конзуларни претставништва

 

Шефот на дипломатијата Бујар Османи продолжува со посетите на македонските конзулати ширум Европа. 

Доцна синоќа објави дека ја го посетил Генералниот конзулат во Венеција каде, како што вели, направена е дополнителна реорганизација на работата.

Ова, според него, е со цел да им се излезе во пресрет на што е можно поголем број македонски државјани и скратување на нивното чекање за подигање нови патни исправи.

Како што соопштија од МНР, од сега, Генералниот конзулат во Венеција, ќе работи во две смени, како и во сабота и недела, а ова работно време ќе трае се до нормализирање на ситуацијата и намалување на барањата на нашите државјани за конзуларни услуги.

Мобилната станица, која се користи во Конзулатот во Венеција, како што се посочува, согласно однапред утврден распоред се користи и во Амбасадата на Република Северна Македонија во Рим и во Малта.

Министерот Османи, се наведува, побарал од дипломатите во претставништво да вложат повеќе напори, со цел да се скрати времето на чекање при поднесување на барање и подигнување на патните исправи.

Изутринава пак, Османи беше во Виена во инспекција за да провери дали се функционира како што треба.

Добро утро од Виена, Австрија. Денеска ја посетив нашата амбасада во Виена како дел од инспекцијата и реорганизацијата на нашите конзуларни претставништва за да им служи на растечките потреби на нашите граѓани во странство, напиша Османи.

19.02.2024 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега