Тошковски: Граѓаните ќе добиваат порака кога ќе можат да си ги подигнат пасошите

 

Дополнителни човечки и просторни капацитети се обезбедуваат за процесот на подигнување на патните исправи.

Просториите во МРТВ кои порано се користеа за издавање изводи и уверенија за државјанство, сега се реновирани и се прават последните подготовки за одново да бидат во функција на граѓаните.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави видео во кое со соработниците ги договараат последните чекори пред новиот систем да биде пуштен во употреба.

Како што се појаснува, изготвената патна исправа ќе биде внесена во системот, а граѓанинот ќе добие порака со ден и време за подигнување на документот.

-Ставаме крај на хаосот и воведуваме ред во делот на издавањето на готовите пасоши. Со новиот систем граѓаните ќе бидат информирани кога ќе можат да си ги подигнат изготвените патни исправи, објави Тошковски на Фејсбук.

15.02.2024 - 23:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега