И покрај дождот вчера биле пријавени 14 пожари
„Иако во текот на вчерашниот ден имаше врнежи од дожд речиси на целата територија на државата, сепак за половина ден имало пожари на отворено, а вкупно 14 се пријавени во Системот за управување. Сите пожари се изгаснати“ - информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пожарникарите, паралелно гаснејќи пожари во населените места, велат од ЦУК, гаснea најмалку 14 евидентирани пожари на отворено, на места и со помош на локално население. Освен пожари на вегетација тие гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.
Центарот за управување со кризи информира и дека во последното деноноќие имало вкупно 1.823 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Најголем дел биле упатени кон полицијата – 48,66 осто, потоа кон Итната медицинска помош 38,93 отсто, а кон противпожарните служби 5,37 отсто, од „реалните“ повици кон 112 во ЦУК.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа