Министерот Ристовски најави реконструкција на 24 училишта
Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, кој заедно со премиерот Груевски беше на промоција на 15 нови наслови во читалната 1000 книги во Градскиот трговски центар, за идната година најави реконструкција на 24 училишта.
Во следните неколку месеци ќе се реновираат 16 училишта, а во јануари ќе биде распишан и конкурс за реновирање на уште осум училишта.
- Се очекува во наредните неколку месеци да се заврши комплетната санација и реконструкција согласно потребите на општините и училиштата така што 16 училишта ќе бидат санирани. Кон почетокот на јануари ќе биде распишан тендер за комплетна реконструкција и санација на дополнителни осум училишта со што доаѓаме до бројка од 24 училишта кои комплетно ќе бидат реновирани во наредните неколку месеци, изјави Ристовски денеска по промоцијата во читалната 1000 книги.
Министерот потенцираше и дека и понатаму ќе продолжи изградбата на училишта во руралните средини.
- Во тек е тендерот за изградба на шест такви училишта, а во јануари е планирано да се распише тендер за дополнителни осум со што 14 монтажни училишта ќе бидат ставени во функција пред почетокот на новата учебна година, нагласи министерот Ристовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа