Романија: Над 450 случаи на морбили и шест смртни случаи регистрирани во последната недела
Националниот институт за јавно здравје во Романија денеска соопшти дека во периодот од 1 до 28 јануари 2024 година во земјата се потврдени 4.205 случаи на сипаници (морбили), меѓу кои и шест смртни случаи.
Министерството за здравство на Романија на почетокот на декември 2023 прогласи епидемија на морбили поради алармантниот број на заразени како и заради бројот на хоспитализации.
Над 4.200 потврдени случаи на сипаници се регистрирани во 39 окрузи и во Букурешт, со најголем број случаи во окрузите Брашов (892), Муреш (849), Клуж (205), Џурџиу (212) и главниот град Букурешт (590).
Поради прогласувањето на епидемија на национално ниво овозможено е вакцинирање на децата на возраст од 9 до 11 години, како и на сите невакцинирани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа