Мицкоски за Филипче: Тешко него, сите се воодушевени - само тој ме критикува
„Имам чувство како некој намерно да го мести. Тешко на новоизбраниот претседател на СДСМ, бидејќи од сите комори, од стопанствениците, од компаниите стигаат навистина позитивни вести, воодушевување и благодарности, само од него успеавме да слушнеме критика. Немам што да коментирам“ рече денеска премиерот Христијан Мицкоски по обкавата дека „речиси сити банки прифатија да ги пуштат во оптек парите од унгарскиот заем, а со кои треба да се кредитираат македонските компании“.
Мицкоски го советуваше Филипче „што побргу расчисти во неговите советнички тимови, толку подобро ќе биде и за државата, бидејќи ќе имаме навистина конструктивна опозиција“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа