Груевски: Името не е ниту мое ниту на татко ми - ќе го решиме проблемот со референдум

 

Премиерот Никола Груевски синоќа одржа трибина во Велес на која говореше за мерките на Владата и проблемот со јужниот сосед околу името.

- Постојано ќе правиме нови реформи и секогаш ќе бидеме подготвени да влеземе во НАТО и да ги почнеме преговорите со ЕУ тогаш кога тие ќе бидат подготвени да не примат и кога тие тоа ќе можат да го сторат. Се разбира при тоа со целосна почит кон нашиот идентитет и кон прашањата коишто ги отвара нашиот јужен сосед и без било какво решение ако тоа не е поминато на јавен референдум со сите граѓани на Република Македонија затоа што името не е мое, ниту на татко ми, не е на никој во земјава исто како и името на нашата нација и името на нашиот јазик и нашиот идентитет.Тоа е на сите и затоа уште од 2005 година ние кажавме ако дојде до компромис, ако дојде до решение може да дојде на државен организиран референдум на којшто сите граѓани ќе го кажат своето мислење, а Владата ќе го следи тоа мислење, потсети премиерот Никола Груевски на синоќешната трибина во Велес.

17.12.2013 - 13:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега