Груевски за виенски „Ди Пресе“: Самарас е творец на проблемите
Македонскиот премиер Никола Груевски во интервју за виенскиот дневник „ Ди Пресе“ изјавува дека грчкиот премиер Андонис Самарас е творец на проблемите.
- „Тој е творецот на проблемите. Од 1991 заедно со тогашниот премиер Константин Мицотакис оваа тема ја ставија на тапет, пред тоа немало никаков спор за името. Самарас целокупната негова кариера ја изградил на националистичка реторика и конфликт со Македонија“, го критикуваше Груевски неговиот грчки колега во Ди Пресе, пренесуваат српските медиуми.
За разлика од минатото кога Самарас грчката стратегија ја објаснил на тој начин што Атина мора да го одложи решавањето се додека Македонија не се распадне, денеска според Груевски Самарас користи друг речник, но ставовите се исти како во минатото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа