„Ја возела ќерка си во градинка, па со автомобилот излетала од патот во река: детали за сообраќајката во која загина тригодишно дете во Србија

 

“Беше преслатко девојче, секогаш среќно како секое дете. Голема трагедија, не знам како ќе ја преживее семејството. Секогаш беше насмеана, играше цело време во селото”, вели соседот на семејството на триодишното девојче кое утрово загина во несреќа кај Брус.

„Од она што го слушнав отишла мајката на работа, а ќерката морала да ја носи во градинка. Испаднала од патот во реката. Нејзе и е најтешко, го изгуби малото девојче“, вели соседот.

Како што вели, нејзиниот сопруг поминал покрај местото на трагедијата и нашол грозоморни сцени.

„Автомобилот се уште е во реката, се обидуваат да го извадат. Сите сме во шок, кутро дете“, вели таа.

Трагедијата се случи утринава во 10 часот и 20 минути во селото Милентија.

Според „Блиц“, од болницата во Крушевац велат дека мајката има тешки физички повреди, поради што е препратена на понатамошно лекување во Универзитетскиот медицински центар Ниш.

23.01.2024 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега