Дурмиши: Нашата држава се соочува со недостаток на работна сила, приватниот сектор алармира

 


На нашата држава и фали квалификувана работна сила, посочи министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

„Податоците што ги имаме се дека имаме недостаток на работна сила и затоа во буџетот за 2025 година се предвидени повеќе средства. Барањата најповеќе се од приватниот сектор. Работодавачите ме известија дека им фали работна сила во нивните компании„, рече Дурмиши.

Министерот истакна дека и од опозиција и сега се против Отворен Балкан

Од времето кога сме биле опозиција ние сме кажале дека сме за Берлинскиот процес и кога сме доаѓале во новата Влада со оваа реорганизација на новата влада почнуваше Берлинскиот процес. Така што, ние овој процес го водиме. Јас сум бил на заеднички состанок со сите министри од ЕУ државите и сме за Берлинскиот процес, нагласи Дурмиши.

27.11.2024 - 12:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега