Македонската заедница во Австралија: Mакедонското знаме е забрането на „Австралија опен“
Македонската заедница во Австралија објави фотографија со забранети знамиња, каде што се наоѓа и македонското знаме.
Знамето е забрането заедно со Израел, Русија, Белорусија, Палестина и Тајван, а засега не е позната причината на организаторот, јавува австралиското радио СБС на македонски.
Забрането е и старото знаме со 16 краци од Кутлеш.
Знамињата на Палестина и Израел се забранети поради војната, а руските и белоруските знамиња поради војната во Украина.
15.01.2024 - 17:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа