Тренчевска: После изборите ќе се креираат нови мерки кои ќе значат поддршка на граѓаните

 

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска изјави дека се имплементираат мерките од деветтиот пакет на антикризни мерки, втор во времето кога таа е министерка.

„Овој месец, на 23-ти јануари ќе бидат исплатени и вториот дел од финансиската поддршка и тие ќе се исплаќаат до април месец. Пет месеци како што беше предвидено. Така што, сигурно после изборите ќе се креираат нови мерки коишто ќе значат поддршка на граѓаните зависно од ситуацијата, секако и нови политики коишто ќе значат подобар живот за граѓаните“, вели таа.

Во однос на тоа која група на граѓани ќе биде вклучена во новите мерки, таа рече дека во фокус ќе бидат социјалноранливата категорија на граѓани, материјално необезбедените граѓани, работниците и пензионерите со ниски пензии.

„За пензионерите имаме во план некакви мерки коишто ќе бидат трајни мерки, но секако не ги забораваме ни младите, односно сите оние коишто се вклучени во процесот на образование“, додаде Тренчевска.

 

15.01.2024 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега