Нормализиран сообраќајот на патот Дебар-Центар Жупа

Сообраќајот на патот Дебар-Центар Жупа од 19:20 часот е нормализиран во двата правци, соопшти вечерва Авто мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на овој патен правец беше во прекин од попладнево поради сообраќајна несреќа во близина на Мелнички мост.

Во сообраќајната незгода, како што изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски за МИА, учествувале три возила со македонски таблички при што полесно повредено беше едно малолетно лице

03.01.2024 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега