Крис Павловски: УСАИД ја киднапирал Македонија - Wow

 

Крис Павловски, канадски бизнисмен чии родители се од Македонија, објави дека и Македонија е дел од земјите за кои вели дека била киднапирана од невладини организации и УСАИД.

-И Македонија е киднапирана од лево ориентирани невладини организации и УСАИД. За Американците може да се заштедат 290 милиони долари, напиша Павловски на Х, а во објавата го означи и Илон Маск

Павловски кој е основач на платформата Rumble, која е дизајнирана како алтернатива на YouTube работи во тимот на Доналд Трамп.

Претседателот Трамп издаде наредба за замрзнување на речиси целата странска помош, истакнувајќи дека администрацијата ќе ги прегледа трошоците за да се осигура дека средствата се во согласност со неговата политика „Америка на прво место“.

Поддршка за преместување на УСАИД под Стејт департментот стигна и од претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, Брајан Маст, кој изјави дека е потребна „повеќе команда и контрола“ врз агенцијата.

Администрацијата на Трамп викендов продолжи со реформи во Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД). Десетици вработени беа испратени на административно отсуство. Според американски медиуми, Трамп има намера да ја стави агенцијата под контрола на Стејт департментот.

04.02.2025 - 21:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега