Ограбен малолетник во Скопје од свој врсник
На 24.12.2023 во Полициската станица Карпош, во присуство на родител, бил извршен службен разговор со малолетник од Скопје. Тој се сомничи дека околу 15.45 часот на подрачјето на Карпош одзел личен предмет од друг малолетник, исто така, од Скопје.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
25.12.2023 - 16:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа