Вучиќ: Ниту една револуција не е во тек - на улица се собраа 2.400 луѓе (ВИДЕО)

 

По немирите во Белград српскиот претседал Александар Вучиќ во воведно обраќање им порача на граѓаните да останат мирни, дека државата е доволно можна, а институциите способни да се справат со ситуацијата.

Според него, опозицијата на денешните протести го покажала своето вистинско лице. Вучиќ рече дека токму тие кои се колнеле во Србија без насилство денеска покажале дека се силеџии и насилници.

„Ниту една револуција не е во тек, ништо нема да успее. И ќе се обидеме да не повредиме никого со нежна и смирена реакција“ рече претседателот.

Тој  нагласи дека на улиците се собрале околу 2.490 луѓе.

„Во овој момент заедно со оние кои сакаат да влезат во Градското собрание има вкупно околу 1.900 луѓе. Некои вечерва го покажаа своето лице и дека насилството им е единствениот начин да се борат. Со денови кажуваме дека се подготвуваат за ова, бидејќи знаат дека не можат да ја добијат довербата на народот“, посочи Вучиќ.

Тој додава дека биле предупредени и странските набљудувачи кои се правеле наивни.

„Им благодарам на оние странски служби кои ставија до знаење дека знаат што се подготвува, и дадоа информации до нашите служби, за да знаат што точно подготвуваат насилниците. Оние кои се колнат дека ќе се борат против насилството покажаа дека се вистински насилници. Сакаат да ни ги уништат градовите и државата“, истакна Вучиќ.

24.12.2023 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега