Влада донесе одлука за прераспределба на 30 милиони денари за реконструкција на салата „Работнички“

 

Владата, на денешната седницa донесе Одлука за прераспределба на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година во износ од 30 милиони денари за реконструкција на спортска сала „Работнички“ – Градски парк, општина Центар, во Скопје.

Како што информираат од Влада прераспределбата на средствата е конкретно од Агенцијата за млади и спорт кон Општина Центар.

-Станува збор за 30.000.000 денари, што согласно владината одлука, се наменети за реконструкција на спортска сала „Работнички“ – Градски парк, општина Центар, во Скопје. Задолжена е Агенцијата за млади и спорт, средствата да ги префрли на посебна наменска сметка на Општина Центар, се наведува во соопштението.

Согласно владината одлука, прераспределените средства кон Општина Центар се исклучиво за наменети за реконструкција на спортска сала „Работнички“ – Градски парк, општина Центар.

22.12.2023 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега