Познатo e кој ќе го наследи Љубомир Јовески
Соња Симовска застанува на чело на државното јавно обвинителство. Советот на обвинители, денеска едногласно одлучи таа да ја извршува функцијата до избор на прв обвинител. Раководното место ќе го добие во понеделник кога завршува шест годишниот мандат на досегашниот републички обвинител Љубомир Јовески. Советот имаше само пофални зборови за Симовска. Ја предложи претседателката, која пак појасни дека за одлуката имала поддршка од членовите на Советот.
В.д обвинителката Симовска, функцијата ќе ја извршува се до именување на нов републички обвинител, ама не повеќе од шест месеци. Процесот за избор пак е во тек. Фатиме Фетаи, Лидија Раиќевиќ и Љупчо Коцевски се тројцата кандидати кои се надеваат на позитивно мислење од Советот на обвинители. Ако добијат зелено светло, владата ќе треба да предложи еден кандидат за шеф на државното обвинителство, но ќе му треба и поддршка од најмалку 61 пратеник во Собранието.
Доскорешниот државен обвинител, функцијата ја презема во 2017та. На една година пред истек на мандатот прифати власта да го номинира за уставен судија, но не доби поддршка од Собранието. Во годините како шеф на највисокото обвинителство, згасна СЈО, па со негов потпис обвинителите добија дозвола да ги довршат предметите. Јовески се соочи со три големи трагедии – за автобуската несреќа во Бугарија и лично појде на местото да помогне на тамошните колеги во расветлување на случајот. Го придружуваше и Русковска, а со неа неколкупати се појави и на прес конференции.. Демонстрираната соработка заврши со претресот во Управата за финансиска полиција. Ја суспендираше и отвори дисциплинска постапка која заврши со разрешување.
Тетовската модуларна болница, Јовески го исправи пред интерпелација, но таа остана заглавена во собранието.
Бранување на неговиот мандат предизвика и струшкиот градоначалник кој американските власти го ставија на црната листа. Формираше комисија да ги истражи наводите за корупција кај Мерко, а најави и национален фронт за борба со корупцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа