ОЈО: Стигна обдукцискиот наод за двојното убиство на Вања и Панче

 

Обдукцискиот наод на телата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски од Судска медицина пристигна во Јавното обвинителство.

-Само што стигнаа обдукциските наоди, кратко велат од ОЈО.

Вања и Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември беа најдени убиени.

Засега за случајот осомничени се шест лица. Од нив, пет се наоѓаат во притвор, а за осомничениот Љупчо Палевски се чека екстрадицијата од Турција.

22.12.2023 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега