„Просечната плата сега е речиси 39.000 денари“, велат од СДСМ
„Економските политики на СДСМ обезбедуваат повеќе средства за сите граѓани, носат постојан раст на платите. Просечната плата во октоврми годинава според податоците на Државниот завод за статистика изнесува 38.843 денари“, соопшти СДСМ.
„Таа е за 17,3 отсто, односно за 5.739 денари повисока во однос на октомври 2022 година.
Од почетокот на мандатот на СДСМ во 2017 година просечната плата е покачена за 15.487 денари, од 23.536 на 38.843 денари.
СДСМ продолжува, со одговорен и ефикасен пристап, да создава услови за раст на платите и унапредување на животниот стандард на граѓаните.
Со СДСМ работниците добиваат повеќе, со СДСМ секој добива повеќе!“, се додава во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа