Доделени изводи на неевидентирани лица во матичната книга на родените
Со измените на Законот за матична евиденција ги решивме животните прашања на околу 526 човечки судбини, за кои досега е извршен упис во матичната книга на родените на 409 лица, а другите 117 лица ќе бидат впишани до крајот на годината, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
На денешниот настан по повод доделување изводи на лица кои не биле досега евидентирани во матичната книга на родените, премиерот истакна дека овие проблеми се веќе минато.
-Овие наши граѓани немаа документи за идентификација, не можеа да се лекуваат, ниту да се вработат, не можеа да склучат брак, ниту пак да го регулираат статусот на нивните деца. Едноставно ги немаше во системот на државата. Овие проблеми се веќе минато. Со измените на Законот за матична евиденција ги решивме животните прашања на многу наши граѓани, рече премиерот.
На настанот присуствуваат и министерот на правда, Кренар Лога, директорот на Управата за водење на матични книги, Емир Сулејмани и претседателка на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа