Краткиот филм „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески со новогодишна премиера на HBO MAX

 

Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески ќе се прикажува на една од најголемите светски онлајн платформи HBO MAX.

Зад филмот стои продукцијата „Минимал колектив“ која ова го смета за голем успех, како за самата продукција, така и за актерите и екипата. Прикажувањето на HBO MAX претставува уште еден подвиг на македонската кинематографија.

Сите љубители на кратката форма на филмови во 21 земја во Европа, вклучувајќи ја и македонската публика, ќе можат да го погледнат филмот од 1 јануари 2024 на програмите на европскиот сервис на HBO Max.

Главната улога во филмот ја игра деветгодишниот Данило Ивановски, а во останатите улоги се: Душица Настова, Сашко Коцев, Драгана Костадиновска, Александар Микиќ, Анастасија Ласовска, Ѓорѓе Нешковиќ, Лила Милиќ и Мими Таневска Србиновска.

Кастинг директор е Билјана Драгиќевиќ Пројковска.

Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценограф Симо Бранов, костимограф Жаклина Крстевска, шминка Жанета Димитриевска, снимател на тон Бојан Паликуќа. Монтажата ја изработи Мартин Иванов.

Филмот е во продукција на „Минимал колектив“ Скопје и „Сет Сеил Филмс“ од Белград.

Продуцент е Ивана Шекуткоска, а копродуцент е Андријана Софраниќ Шуќур.

Дистрибутер на филмот е француската компанија Премиум филмс со седиште во Париз.

Филмот е поддржан од Агенција за филм на Р.С. Македонија и Филмски центар Србија.

19.12.2023 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега