Минатата недела санкционирани 262 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционирале 262 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
-Во периодот од 11 до 17 декември со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 146 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 116 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат денеска од ЈП Паркинзи на Општина Центар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа