Обвинителството сѐ уште ги прибира доказите за убиствата на Вања и Панче

Јавното обвинителство сѐ уште ги прибира доказите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Од Обвинителството велат дека официјалниот извештај од oбдукцијата сѐ уште не им е доставен.

Вања и Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември беа најдени убиени.

Засега за случајот осомничени се шест лица. Од нив, пет се наоѓаат во притвор, а за осомничениот Љупчо Палевски се чека екстрадицијата од Турција.

18.12.2023 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега