Ковачевски: 20 икони од нашето културно наследство, после една деценија се вратени во државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски вечерва присуствуваше и се обрати на настан по повод враќање на незаконски изнесени икони од Северна Македонија. 

„Денеска сите ние сведочиме на еден историски чин, за прв пат во нашата држава, успешно заврши реституција на културно наследство. 20 наши икони репрезент на она што се творело на крајот од 18-ти и во 19-ти век, после  една деценија се вратени дома. Овие ремек дела за Северна Макединија се дел од идентитеските одредници и наше богатото културно наследство. Иконите се меѓу најделикатните и највеличествените богатства во светот, овие икони кои вечерва ги видов може да се споредат со сликите на најголемите светски мајстори на ликовната уметност“, изјави премиерот вечерва.

Тој вели дека бил особено горд што бил дел од Влада која создала модел за  демократија.

 
„Дипломатија со што воспоставивме одлични добрососедски односи со нашите соседи. Со дијалог, компромис,взаемно почитување и најтешките предизвици може да се надминат и да отворат нови можности за соработка. Вечерва сведочиме за една таква соработка со нашиот сосед Албанија, иконите украдени во 2013 та година, успеавме да ги вратиме дома.
Се работи за навистина една голема и сеопфатна акција на МВР на Албанија, во која се откри голем канал на крадење, шверцување и уништување на едно историско културно наследство и оттука мора да изразам благодарност и до МВР на Албанија, посебно до премиерот Рама, кој откако се откри што има фатено полицијата на Албанија, веднаш кажа дека штом се завршат процедурите од страна на министерствата, ќе биде вратено во нашата држава“, изјави Ковачевски.
15.12.2023 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега