54-годишник заврши в притвор: Полицијата во автомобилот му најде 3.058 парчиња пиротехнички средства

 


На 13.12.2023 во 15.30 часот на улица „11 Септември“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Б.М.(54) од Кичево. При преглед во неговото возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, полициските службеници пронашле и одзеле 3.058 парчиња пиротехнички средства, кои нелегално ги набавил, соопшти полицијата.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

14.12.2023 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега