Неколку скопски општини денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН – Скопје, информира дека денеска поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Шуто Оризари, Гази Баба, Сарај, Кисела Вода и Аеродром.
· Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа и делови од улиците: Никола Тримпаре, Дебарца, Коста Кирков, Борка Талевски и бул. Св. Климент Охридски. (Општина Центар)
· Од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од улиците: Индира Ганди, Хаџи Јован Шишов и Тиквешка. (Општина Шуто Оризари)
· Од 08:30 до 11:30 часот, корисниците од улиците: Ташко Караџа и Бапчор. (Општина Гази Баба)
· Од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од с. Крушопек. (Општина Сарај)
· Од 10:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Драчевска. (Општина Кисела Вода)
· Од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Фрањо Клуз бр. 7. (Општина Аеродром)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа