Агелер: Земјата се соочува со епидемија од корупција, црната листа ќе се проширува

 

 

Има различни етапи и различни начини на кои луѓето кои се наоѓаат на црната листа можат да пријават незадоволство, но во секој случај ние имавме најавено санкција, истакна денеска американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер.

Агелер дополни дека листата ќе се проширува со нови лица, но не кажа кога и со кого, нагласувајќи дека не може да предвиди што ќе одлучи Вашингтон.

„Има различни етапи и различни начини на кои луѓето кои се наоѓаат на „црната листа“ можат да пријават незадоволство но во секој случај ние имавме најавено санкција. Оваа санкција е воведена и ова не е нешто што лесно го прифаќаме и лесно го спроведуваме, но сепак ги следиме позитивните законски прописи на САД при воведувањето на ваквите санкции. Ве уверувам дека ќе има и други имиња“, кажа таа, додавајќи дека во земјава има епидемија на корупција, која треба да биде спречена.

07.12.2023 - 17:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега