Лефков: ДУИ како Влада поддржа укинување на балансерот, сега само манипулираат со народот

 

Владата на ДУИ и СДС во 2023 година донесе Стратегија за реформи на јавната администрација за период 2023-2030, со која се предвидува укинување на балансерот. Имено ДУИ од позиција на власт немаше ништо против да се укине балансерот, за сега од позиција на опозиција да наоѓа изговори и измислува причини за дестабилизација, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ не кажа ниту збор кога тие заедно со СДС ја промовираа Стратегијата.

ДУИ беа дел од владата која ја донесе оваа Стратегија, и тогаш немаше ниту прес-конференции ниту критики од нив, напротив тогаш молчеа, зошто и самите знаат дека истото е препорака од Европската Унија.

Имено укинувањето на балансерот е всушност препорака на Европската Комисија, која јасно укажува дека вработувањето врз основа на истиот, може да ги поткопа принципите на заслуги и да влијае на независноста на институциите.

ДУИ сето ова го знае, но се лицемери и сакаат да манипулираат со јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ се согласува со Европската Комисија дека балансерот е злоупотребен, сметаме дека рамноправната застапеносост треба и ќе се реши со закон, изјави Лефков.

12.10.2024 - 13:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега