Кривичен објави за одобрениот притвор за осомничените за убиството на Вања и Панче

 

Основниот кривичен суд Скопје денеска објави дека е прифатен предлогот за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа за С.Д. за кого вчера Јавното обвинителство соопшти дека се сомничи дека му помогнал на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски да пребегне во Турција.

Повеќе медиуми објавија дека станува збор за лицето Стефан Димковски, сопартијец на Палчо од неговата партија Десна.

- Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки притвор против 4 лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а поврзани со грабнувањето и убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и убиството на велешанецот П.Ж., ценејќи ги приложените факти и исказите на обвинетите во однос на предлогот за притвор донесе решенија со кои го прифати предлогот на Јавниот обвинител.

Воедно, Кривичен денеска соопшти и за притворите на Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои ја признаа вината како и таткото но Вања, Александар Ѓорчевски, кој ги негира дејствијата.

- Па така на В.М., В.К., Б.В., и А.Ѓ. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165. ст.1, точки 1,2 и 3 од ЗКП. односно опасност од бегство, попрачеување на истрагата со влијание на сведоци и повтроување или сторување ново кривично дело, стои во соопштението од Кривичен.

Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, вчера беше уапсен во Турција, а Јавното обвинителство отвори истражна постапка за две убиства на свиреп начин по кривичната пријава добиена од Министерството за внатрешни работи. 

Истражната постапка се води против пет лица, од кои четворица како соизвршители сториле две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин, од кои едно на малолетно лице и едно од користољубие, додека, петтиот осомничен им помогнал при извршување на кривичното дело грабнување на малолетно лице.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Во текот на денот од Министерството за правда се очекува барање за екстрадиција на првоосомничениот кој се наоѓа во Турција.

06.12.2023 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега