Спасовски за барањето за оставка: Не би навлегувал во политиканстски активности

 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски прашан дали ќе си поднесе оставка по монструозното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски рече дека не би навлегувал во политиканство.

-Полицијата многу посветено работеше и одработе од првиот момент. И со ништо, апсолутно никој не допринел во овој случај во однос на истрагата, текот на истрагата, активностите што се преземаа итн. Така што, не би навлегувал во тие политиканстски активности, рече Спасовски.

04.12.2023 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега