Неизвесно одржувањето на лидерската средба по убиството на Вања
Неизвесно е дали ќе се одржи лидерската средба закажана за напладне во Собранието откако вчера МВР и ОЈО објавија дека телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска е пронајдено во околината на Скопје.
Од прес-службата на Собранието велат дека премиерот Димитар Ковачевски е тој кој треба да каже дали ќе се одржи лидерската средба.
-Лидерската средба е организирана од Влада. Претседателот Џафери потврди присуство. Немаме најава за одложување. Ако имаме ќе ве информираме на време. Но за побрз одговор можете да се обратите и до Влада, велат од прес-службата на Собранието.
Од Влада за Прес24 велат дека засега нема информација за одложување на лидерската средба, но во наредниот период ќе објават дали таа навистина ќе се одржи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа