Ново свежо млеко од Бимилк на македонскиот пазар
Бимилк започна со дистрибуција на својот најнов производ - Битолското свежо млеко со 3,5% млечна маст кое има подолг рок на трајност и поголема хранливост и енергетска вредност. Благодарение на технологијата која се користи за негово производство, Битолското свежо полномасно млеко не е потребно да се вари и има рок на траење од 15 дена.
Новото свежо полномасно млеко е богато со протеини, витамините А, Б и Д, минерали, јаглени хидрати, калциум и други состојки кои се неопходни за нашето здравје. Полномасното свежо млеко особено е корисно за децата и нивната секојдневна исхрана поради богатството од протеини и калциум, додека масленоста од 3,5% на свежото млеко овозможува сите хранливи состојки и витамини организмот многу полесно да ги апсорбира.
„Идејата за новиот производ произлезе од потребата на потрошувачите за поздрав начин на исхрана кој вклучува повеќе свежи производи. Новиот производ од Бимилк ги нуди сите нутриционистички предности на свежото млеко, а истовремено ја нуди практичната предност на трајното млеко со тоа што може да се консумира без да се вари. Свежото Битолско млеко е похранливо, повкусно и неговото редовно конзумирање обезбедува голем дел од хранливите состојки, витамини и минерали неопходни за децата, за нивниот здрав и правилен раст и развој.“ – изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер на Бимилк.
Користејќи висококвалитетно млеко од најдобрите фарми во Македонија, свежото млеко поминува процес на бактофугирање и термичка обработка со пастеризација со што се отстрануваат дури 99,9% од присутните микроорганизми, при што млекото целосно ја задржува биолошката и хранлива вредност. Технологијата која се користи во целокупниот процес на производство на свежото млеко, како и врвните стандарди за безбедност кои ги применува Битолска млекара се гаранција за квалитетот и безбедноста на млекото.
Сoгласно светските трендови во млечната индустрија и барањата на потрошувачите, Бимилк во иднина планира да го прошири своето портфолио на свежи млека.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа