Приведен крадец во Куманово
Вчера, во 20 часот, во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д. Д. (32) од Куманово.
Тој се сомничи дека на 24.11.2023 од трговски објект на улицата Иво Лола Рибар во Куманово одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Д. Д. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото.
По целосно документирање на случајот против, него ќе следува соодветна пријава.
27.11.2023 - 15:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа