Зголемен ризик од терористички напади во Европа

Европските безбедносни претставници предупредуваат на зголемен ризик од напади од страна на радикализираните исламисти по избувнувањето на војната во Појасот Газа и посочуваат дека најголемата закана претставуваат напаѓачите од типот на „османе волк“ кои тешко се следат.

Повеќе од 10 претставници на разузнавањето и полицијата во пет европски земји, вклучително и Велика Британија, Германија и Франција, изјавија за Ројтерс дека го засилуваат надзорот над исламистичките милитанти.

Според агенцијата, тоа дополнително ќе ги оптовари ресурсите кои се веќе оптоварени со справување со заканите од Русија, Кина и Иран.

Неименуван британски безбедносен претставник изјави дека војната во Газа најверојатно ќе стане најголемото место за регрутирање на исламистичките милитанти од војната во Ирак во 2003 година.

Германски функционер вели дека колегите од разузнавачката заедница го информирале дека заканата за цивилите е најголема во поновата историја на Германија, а Јохен Копелке, кој го предводи најголемиот германски полициски синдикат, вели дека најголемата опасност доаѓа од „саморадикализираните“ милитанти.

„Прашање на време е кога овие луѓе ќе извршат злосторства. Не секогаш се работи за тоа дека имаат бомби. Тие можат да возат на митинг или да нападнат со нож“, рече Копелке.

Три лица беа убиени во два напади на исламистички милитанти во Франција и Белгија минатиот месец, а овие две земји, заедно со Австрија, Словенија и Босна и Херцеговина, го подигнаа нивото на тревога за тероризам.

24.11.2023 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега