Сѐ уште тлее огнот во фабриката во тетовско Фалише

 

Сѐ уште тлее огнот во фабриката во тетовско Фалише, информира комнадирот на тетовската противпожарна бригада Авни Амети, во изјава за Телма.

Изгореа магацин и продавница за бои и лакови, а состојбата со пожарот е сѐ уште далеку од стабилна.

Првичните проценки се алармантни, проценките се дека во пожарот до сега изгореле над 100 тони хемикалии. Од Еко Герила ги повикаа надлежните да спроведат строги контроли и да проверат дали се почитувани сите безбедносни мерки кои се предвидени за компаниите кои работат со високо запалливи опасни материи. Велат дека ова не е прв пат да избие ваков пожар, а сметаат и дека последиците од ослободените штетни материи во воздухот ќе имаат големо влијание врз здравјето на луѓето.

Центарот за управување со кризи и утринава со апел до граѓаните да не излегуваат без потреба на отворено поради можно штетно влијание врз здравкето на луѓето од согорувањето на големи количини хемикалии во пожарот што изби во фабриката во тетовски Фалише.

Денеска на терен ќе ја испитуваат и состојбата со загадувањето на почвата. Препораки до граѓаните кои живеат во непосредна близина да не излегуваат од дома вчера упатија и од Центарот за јавно здравје.

23.11.2023 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега