Пендаровски се сретна со членовите на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници, коишто престојуваат во Северна Македонија по повод одржувањето на Годишниот самит, чиј домаќин е градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
„Градоначалниците го информираа претседателот Пендаровски за нивните очекувања и темите на дискусија на овогодинешниот самит насловен „Моќни, инклузивни и грижливи градови: Обезбедување на демократија и развој со генерациите кои доаѓаат“, на којшто ќе учествуваат над стотина градоначалници, како и голем број на претставници на меѓународните организации. Тие истакнаа дека целта на овој меѓународен собир е да ја поддржат и зајакнат улогата на градовите и локалните лидери во обезбедувањето на подобар, подемократски, поодржлив и поинклузивен свет за граѓаните“, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.
„Претседателот Пендаровски посочи дека преку оваа глобална платформа градоначалниците имаа можност да разменуваат меѓународни искуства од успешно спроведени активности, да се вмрежувааат и да соработуваат на заеднички проекти, со што ќе придонесат за надминување на предизвиците и подобрување на услугите, во интерес на граѓаните“, се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа