Јанкулоска за Јанакиески: Ништо не може да му го надомести изгубеното време
Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска која на почетокот на месецот излезе од затвор откако доби условен отпуст на социјалните мрежи ја коментираше одлуката на Европскиот суд за човекови права во корист на Јанакиески.
„На денешен ден на Миле Јанакиески за прв пат му беше определен притвор. Токму денес, после цели 5 години Европскиот суд за човекови права објави одлука со која утврдил дека постои повреда на правото на слобода на Миле Јанакиески затоа што не постоеле доволни причини за неговото лишување од слобода.
Оваа одлука значи морална сатисфакција за Миле, но ништо не може да го надомести неповратно изгубеното време.“ – напиша Јанкулоска на социјалните мрежи.
Инаку според одлуката на Судот за човекови права Јанакиески незаконски бил држен во притвор за што ќе му следува и отштета од државата. Овој предмет пред Судот го застапуваше сопругот на Јанкулоска, Влатко Илиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа