Миле Јанакиески ја доби Македонија пред Европскиот суд - ќе му платиме отштета за притворот

 

Европскиот суд за човекови права утврдил дека на екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески незаконски му бил продолжуван домашниот притвор.

„Судот смета дека постои повреда на правото на слобода на Миле Јанакиески (член 5.3 од ЕКСП) поради непостоење на доволни причини за негово лишување од слобода“, стои во пресудата на ЕСЧП.

Миле Јанакиески речиси пет години беше во домашен, па во ефективен притвор кој го издржуваше во затворот „Скопје“ во скопско Шуто Оризари.

Сега, Европскиот суд носи заклучок дека има повреда на два членови кои се однесуваат на човековите права, а најверојатно Јанакиески ќе добие и парична отштета.

Во својство на полномошник на Миле Јанакиески пред Европскиот суд за човекови права, Влатко Илиевски за денеска во 14 часот на прес-конференција најави детали во врска со Пресудата на Европскиот суд за човекови права објавена денес, за утврдена повреда на правото на слобода на Јанакиески, загарантирана со член 5 од Европската конвенција за човекови права, во однос на изречените мерки притвор за судските предмети за „27 април“ и за „Шпански скали“.

Европскиот суд, според извори на Плусинфо одредил и отштета за Јанакиески од 3.900 евра.

 

14.11.2023 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега