(ВИДЕО) Ковачевски од Виена: И за време на криза, Северна Македонија направи многу - особено за ЕУ
Премиерот Димитар Ковачевски, денеска на виенскиот Економски форум учествуваше на панелот ,,Градење економска соработка во тешки времиња“.
Ковачевски во своето излагање говореше за важноста на интеграција на регионот во ЕУ, од економски, безбедносен и политички аспект.
,,ЕУ не може да има две граници, тоа не е одржливо. Во моментов има надворешна граница на ЕУ и внатрешна граница што е токму околу земјите од Западен Балкан. Затоа, интеграцијата мора да се случува во политичкиот но и во економски дел. Затоа ние цврсто го поддржуваме и го побаравме планот од претседателката на ЕК за раст на Западен Балкан, бидејќи тој се потпира и лежи врз придобивките на интеграцијата. Северна Македонија во изминатите 2 години во време на криза, постигна многу релевантни работи, осоебно во делот на зацврстувањето на односите со ЕУ. Ние го надградивме сето тоа со членството во НАТО", истакна премиерот Ковачевски.
Говорејќи за регионалните иницијативи на земјите од регионот како Берлински процес и Отворен Балкан, претседателот на Владата, Ковачевски ја потенцираше важноста дека надградувањето на економската соработка носи придобивки за граѓаните од сите земји.
,,Трговијата по иницијативата со Србија и Албанија меѓу трите земји се зголеми за 25%. Трговијата на Северна Македонија со Србија се зголемени за 50%, а со Албанија за 40%. А туризмот процвета бидејќи граѓаните најдоа можности да ги посетуваат земјите во регионот.Сето ова оди рака под рака со добрите политички односи, без добри политички односи секако не може да има економска интеграција" рече Ковачевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа