Сообраќаен вештак: Полицијата веќе знае кој е виновен, министерот се спасил поради автомобилот

 

Министерот за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ утрово доживеа сообраќајна несреќа во Винковци во која загина 40-годишен маж, додека Баножиќ со тешки повреди заврши прво во болница. Сообраќајниот експерт Горан Хусинец за „Индекс“ ја коментира несреќата врз основа на фотографиите од местото на судирот.

„Станува збор за фронтален судир во кој секое возило со левиот преден дел удира во другото возило. Во теоријата за судири на возила ова е еден од најопасните типови. Вината не може да се утврди само од фотографии, треба да се земат во предвид и трагите од кочење. Кога се’ ќе се стави во просторниот план ќе се види кое возило преминало на спротивната лента. Тешко е да се прејудицира кој на која страна завршил, но според првите фотографии се чини дека возилото на министерот отишло на другата страна. Полицијата веќе го знае тоа, земаа траги, но се уште не е објавено“, рече Хусинец.

 

Тој додаде дека на фотографиите се гледа дека теренецот на министерот бил на левата лента, додека комбето ја избегнувало десната страна. „Индекс“ побара да ги коментира и изјавите на очевидците според кои Баножиќ наводно претекнувал камион во услови на магла.

 

„Ако претекнувал во магла, мора грубо да ги прекршил прописите. Тоа дефинитивно не е дозволено. Во такви ситуации не се престигнува друго возило. Најбезбедно е да се вози зад камион и да се следат неговите светла. Апсолутно не смеете да претекнувате во тие услови, услови на намалена видливост, кога не можете да видите пред вас. Лесно ќе се утврди кој на чија страна преминал, има многу индиции“, вели експертот и додава дека во 6 часот и 15 минути наутро, кога се случила несреќата, на патот било темно.

 

„Тој бил во џип, кој е солиден и сигурно му го спасил животот. Ова комбе е исто така многу силно. Се работело за брзина некаде околу 80 километри на час. Можете да видите дека неговата табла со инструменти и воланот се поместиле“, вели Хусинец.

 

Жељко Марушиќ од Факултетот за сообраќајни науки ја коментираше утринава несреќата во која загина 40-годишен маж при судар со автомобилот на Баножиќ.

 

„Министерот Баножиќ претекнал, навлегол и на спротивната лента неговиот автомобил се судрил со комбето што доаѓало“, вели Марушиќ.

 

Се’ уште нема официјална изјава од полицијата за причините за несреќата. Истрагата е во тек.

 

 

11.11.2023 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега