УКЛО го одбележа Светскиот ден на науката

 

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола го одбележа Светскиот ден на науката со зачленување на поединци и организации во универзитетската УКЛО Мрежа.

Годинава одбележувањето на Светскиот ден на науката е во знакот на две важни случувања, прогласување на најдобри научници на УКЛО во три категории и пристап кон УКЛО Мрежата како платформа за поврзување со научни дејци и институции кои делуваат надвор од Универзитетот.

-Најнови членови во УКЛО Мрежата со кои се потпишани меморандуми за соработка се д-р Горан Петровски, д-р Јован Стефановски и  д-р Петар Аврамовски, како и Здружението на граѓани за унапредување на развојните процеси – ПроЛокал, Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС и ЗГ Медицинскиот истражувачки центар. Станува збор за поединци и организации активни во заедницата, науката и истражувањата кои може да бидат носители или партнери во проекти, истакна ректорот Неделковски. 

На свечената седница на Комисијата за наука и меѓународна соработка на УКЛО, прогласени се и најдобри научници на Универзитетот во учебната 2022/23 во три категории. Титулата најдобар научник ја понесе Анка Трајковска Петкоска од Технолошко – техничкиот факултет – Велес, за најплоден научник е прогласена проф. д-р  Рената Петревска Нечкоска од Економскиот факултет – Прилеп и во третата категорија,  најактивен научник,  пофалница се доделува на предавачот Денис Арсовски од Високата медицинска школа и благодарница, за проф. д-р Дијана Блажековиќ – Димовска од Факултетот за биотехнички науки – Битола.

Најдобрите научници и истражувачи, меѓу кои и професори од други единици, категоризирани како академски кадри кои покажуваат високи научни резултати, УКЛО ќе ги промовира на пригодна свеченост, по повод Патрониот празник на Универзитетот.
Активностите поврзани со афирмација на науката на УКЛО продолжуваат на 17 ноември со одржување на Меѓународен научен собир на тема „Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој”.

10.11.2023 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега