НВО: Децата во Газа се изложени на ризик да умрат од глад, болести и дехидрација

Невладината организација „Спасете ги децата“ објави дека децата во Појасот Газа, кои не се убиени од бомби, се изложени на ризик да умрат од глад, болест или дехидрација.

„Ситуацијата е катастрофална. Цивилите, особено децата, продолжуваат да ја плаќаат највисоката цена за тековното насилство“, изјави Александра Саје од „Спасете ги децата“ во Вашингтон, пренесува „Ал Џезира“.

Таа додаде дека вкупниот број на деца убиени во Газа во изминатите неколку недели е поголем од вкупниот број на деца убиени во сите конфликти од 2019 година.

„Знаеме дека повеќе од 1.000 деца се исчезнати или заробени под урнатините“, рече Саје.

Таа нагласи дека бројките „ќе продолжат да се влошуваат“ доколку не се воспостави прекин на огнот, пренесува Танјуг.

09.11.2023 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега