(ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ) Младите и нивните перспективи за подобра иднина: „Моите, твоите, нашите улици“
„Во денешно време се зборува само за политика“. „Во денешно време нема многу опции, или ќе бидеш полицаец или ќе бидеш во Влада“. „Имаше една професорка таму што живееше, па ќе речеше: Живеам меѓу Ѓупците“. Овие се само дел од размислувањата и ставовите на младите од Македонија во однос на моменталната состојба во државата и предизвиците со кои се соочуваат.
Во документарниот филм „Моите, твоите, нашите улици“, изработен во рамките на проектот „Млади за Иинклузија, еднаквост и доверба“, а финансиран од Фондот на Обединетите нации за градење мир, средошколци од три градови, Битола, Струга и Велес јавно говорат за стереотипите и предрасудите кои преовладуваат во нивното секојдневие. Тие јасно ги потенцираат проблемите со кои се соочуваат во круговите на социјалниот живот, но и во училишните клупи.
Дел од средношколците откриваат за ситуации кога биле дискриминирани и погрешно разбрани од своите врсници, но и од воспитно-образовните работници.
Исто така, младите во документарниот филм ја искажуваат амбициозноста и желбата за промена на подобро и нудат практични решенија на актуелните проблеми. Вклучување во конструктивни наративи, зајакнување на меѓукултурниот дијалог, инклузија, родовата еднаквост и создавање меѓусебно разбирање и доверба кај младите во регионот се само дел од повеќето состојби кои средношколците воочиле дека им недостасуваат, но и на кои се веќе подготвени да работат.
Документарниот филм „Моите, твоите, нашите улици“ е само дел од двегодишната иницијатива од проектот „Млади за Иинклузија, еднаквост и, доверба“ кој има за цел да ја подобри улогата на младите во промовирање на зголемено разбирање и почитување на различностите. Проектот спроведен од УНДП, УНФПА, УНЕСКО, UN WOMEN 2, директно ги вклучува младите од целиот регион, младите од градовите, но и од руралните области во различни проектни активности, со цел нивно приближување еден до друг и зголемување на меѓусебната доверба.
Уште од мај 2022 година, практично кога започна спроведувањето на овој проект, се организираат повеќе обуки и дискусии за да им се овозможи на младите да најдат решенија за заедничките грижи – како што се родова нееднаквост, говор на омраза, лажни вести, недоверба, со своите врсници од другите територии во регионот.
Подобрување на медиумската писменост и критичкото размислување на младите и работа со млади новинари и млади политички активисти од регионот за создавање и промовирање на конструктивни и родово чувствителни наративи, се исто така теми на дискусија на работилниците кои се спроведуваат и таргет цели на овој проект кој успешно се спроведува веќе втора година.
Тој има за цел повеќе млади жени и мажи од регионот да комуницираат преку спорт, култура, медиуми, граѓанско образование и иницијативи во заедницата, климатски и еколошки акции и дискусии онлајн и во живо.
Идентификувани се и омоќени нови младински амбасадори на промена и доверба во регионот.
Земајќи го в обзир фактот дека младите луѓе во регионот и понатаму се под влијание на негативните наследства од минатото, особено младите кои живеат во сегрегирани области со етничко мнозинство и кои учат во сегрегирани училишта и образовни системи и дека повеќето немаат директно сеќавање на заеднички мирен соживот, од особена важност е вмрежувањето и поврзувањето на младите од целиот Западен Балкан.
Многу малку млади луѓе патувале надвор од регионот, а други дури не ги посетиле ниту поголемите градови во нивните земји и територии. Проектот овозможува младите, исто така, да стапуват во контакт со своите врсници и да градат вистински или виртуелни врски по етнички линии. Повеќето од нив веруваат дека младинската размена може да има позитивно влијание врз регионалните односи.
Младината од Западен Балкан е од суштинско значење за зајакнување на демократијата и промовирање позитивни социјални трансформации, но и покрај тоа, донесувачите на одлуки честопати не ги земаат в предвид нивните потреби и аспирации. Затоа, вклученоста на младите во донесувањето одлуки треба дополнително да се стимулира и подобри.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа