Одбраната бара застарување на делото и за случајот ТНТ
Одбивателна пресуда поради апсолутна застареност на делото ТНТ побара одбраната во случајот.
По денешната седница на Апелација, Еленко Миланов адвокат на ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, посочи дека постои апсолутна застареност од кривично гонење.
„Врз основа на решението за исправка на првостепенеата пресуда побаравме јавна пресуда по која Апелациониот суд мораше да одржи седница. Побаравме судот да утврди согласно измените на предлог од жалбата со која се бараше да се укине првостепената пресудата и тоа го преиначивме, со тоа што побаравме согласно ЗКП да се утврди апсолутна застареност во однос на сите обвинети а истото тоа го побара и застапникот на обвинението“, рече Миланов.
Во првостепената пресуда девет години затвор доби експремиерот Никола Груевски, три години поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и четири години поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, за рушењето на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски во 2012 година. Во случајот затворска казна од четири години доби и тогашната градежна инспекторка Елизавета Најдовска, додека три службени лица од Општината добија ослободителна пресуда. Сите се товареа за „злоупотреба на службената положба и овластувања“.
Сопственикот на компанијата „ФИНЕ“ Фијат Цаноски вчера на прес-конференција обвини за судски преседан во Апелациониот суд и тврдеше дека се подготвува застареност на предметот „ТНТ“ со што компанијата нема да ја добие оштетата од 11 милиони евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа